Транспарентноста на јавните универзитети во Република Северна Македонија

Транспарентноста на јавните универзитети претставува клучен предуслов за добро управување и за обезбедување квалитет во високото образование. Бидејќи овие институции се финансираат од јавниот буџет, тие имаат законска и морална обврска да бидат отворени, отчетни и да обезбедуваат еднаков пристап до информации за студентите, вработените и јавноста. Недостигот на транспарентност значи недостиг на отчетност и го нарушува довербата во образовните институции, додека целосната транспарентност го зајакнува интегритетот, ефикасноста и квалитетот на високото образование. Овој Индекс на транспарентност е резултат на истражувачки процес спроведен од јануари до август 2025 година, и има за цел да обезбеди јасен и споредлив преглед на состојбата со транспарентноста во јавните високообразовни институции во Република Северна Македонија. Неговите резултати укажуваат на загрижувачки тренд на системска нетранспарентност, што го прави неопходно зајакнувањето на стандардите и спроведувањето на корективни мерки. Индексот не претставува само мерен инструмент, туку и повик за реформи, за унапредување на институционалниот интегритет и за изградба на одржлива култура на отвореност и квалитет во високото образование.

Целото истражување