Форумот за Образовни Промени успешно ја заврши академијата за граѓански активизам „CreActive Academy“, целосно дизајнирана од страна на ФОП, во согласност со потребите на младите, а се одржа во Маврово.
Учесниците на овој тренинг ги стекнаа сите потребни теоретски и практични знаења, од идентификување на проблемите во нивната средина до застапување и преземање конкретни чекори за нивно решавање.
Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за Образовни Промени, беше еден од обучувачите. Тој го отвори тренингот разговарајќи со учесниците за важноста на младинското учество и граѓанскиот активизам.