Корупцијата во образованието-јавна тајна за која сите молчат

Корупцијата во Македонија е секојневие во образовниот систем, со поттикнување и опфаќање на непотизмот, присилбата и партизацијата. Овој систем произведува корумпирани граѓани, а не образовани или стручни лица во својата област. 

Иако целата држава знае и е сведок на овој систем, сите молчат и индиректно го поддржуваат. Студентите секојдневно разменуваат прашања кој асистент е чиј син “ или која партиска книшка” е отворена за ново работно место. Моето лично искуство е само еден пример како функционира нашиот образовен систем, кој ми го наруши” мојот животен сон.

Мојот сон за белиот мантил не згасна во амфитеатри, туку уште на огласната табла со резултатите за прием. Таму научив една лекција, која не ја пишува во ниту една медицинска книга: дека презимето тежи повеќе од знаењето. Додека јас ги броев моите поени од макоптрпно добиените петки, системот ги броеше заслугите” на родителите на моите колеги. Бев одбиена не затоа што не знаев доволно, туку затоа што моето семејно стебло не беше дел од медицинската елита. На тој факултет не е приоритет да се примаат најдобрите идни доктори, туку да се сочуваат фотелјите за наследниците”. 

Многу се чести вакви случаи во нашата држава кои се одразуваат и во текот на студиите. Студентите се изложени на притисок од професорите низ најразлични примери. Условувањето од страна на професорите со давање различни заповеди, услови или пак барања, го поттикнува и го води овој систем долго низ годините.

Студентите се принудени на молк и индиректно поддржување, затоа што секоја реакција се одразува на нив. Стравот од повторно” полагање на испитот, непотпишување индекс, губење на година се само неколку од причините поради кои многумина студенти се принудени да молчат.

Но, резултатот на овој систем се одразува на секој од нас започнувајќи од приемот, па сè до дипломирањето. Корупцијата во образованието не завршува со дипломирање. Таа продложува во болниците каде нè лечат дипломирани врски”. Какви доктори ќе нè лечат утре? Дали сакаме да нè лечи доктор кој со пот и труд ја научил анатомијата, или пак, некој кој го наследил столчето на својот татко? Корупцијата во нашата држава не е само административен прекршок, таа претставува прашање за живот и смрт. Секојдневното поткрепување на корупцијата наштетува сè повеќе на животот на луѓето. 

Сепак, надежта постои. Сè повеќе млади одбиваат да ја прифатат оваа реалност како нормална и почнуваат гласно да зборуваат. Промената не доаѓа преку молк, туку преку свест и храброст. Високото образование мора повторно да стане простор на интегритет каде знаењето е единствениот критериум, а не привилегијата. 

Автор на оваа колумна е Климентина Ѓорѓевска. По нејзиното разочарување, таа одлучува да се запише на Правниот факултет. Паралелно со студиите, таа е професионално ангажирана како правник во приватна компанија, каде стекнува практично искуство и ги надоградува своите правни знаење.